Советот на општина Гевгелија не го изгласа кварталниот извештај за извршување на општинскиот буџет
Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков на брифинг со новинарите денеска рече дека малку е изненаден од исходот на последната седница на Советот на која не беше усвоен кварталниот извештај за извршување на општинскиот буџет во првото полугодие од годината.
Поцков нагласи дека во 2018 година е извршено финансиско консолидирање на општината и дека од почетокот на оваа година сета енергија е насочена кон реализација на капитални проекти за што потврда претставува и процентот на извршување на буџетските приходи од 53,8 отсто.
– Од финансиската децентрализација во 2005 година до денеска не е реализиран ваков висок процент на извршување на приходите,како во основниот така и во вкупниот општински буџет.Претходно советниците го прифатија кварталниот извештај за тримесечието кој беше со значително понизок процент на реализација поради што сметам дека неизгласувањето или воздржаноста од страна на поедини советници е непринципиелно и од лични причини,рече Поцков.
Поцков посочи дека останува да се види дали и при усвојувањето на завршната сметка за извршување на буџетот истите советници на ист начин ќе бидат (не)принципиелни особено ако се има впредвид дека неизгласувањето на новиот буџет и завршната сметка повлекува со себе и распуштање на општинскиот Совет.
Ново на Сител
-
Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
-
На територијата на земјава активни три пожари
-
Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило
-
Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија
-
Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
-
74-годишник измамен за 14.000 евра со лажна сообраќајна несреќа
-
МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на PM₁₀ честичките
-
Пад на продажбата на станови, најмногу продадени во Аеродром најскапи во Центар