Советот на општина Дебар и комисиите работат во интерес на граѓаните
Советот на општина Дебар и комисиите кои функционираат во рамки на истиот секогаш работат во интерес на доброто на граѓаните и развојот на општината во целина.
Оваа оценката ја изнесе претседателот на Советот на општина Дебар, Башким Машкули.
- Советот брои 15 члена. Истите се од различни политички партии и од различна етничка припадност. Досега имаме одржано 49 седници на кои се донесени многу одлуки и решенија. Но, она што е најбитно е фактот што сите советници, секогаш при донесувањето на било кој документ, пред себе ги имале само интересите на граѓаните и општината во целина, оценува Машкули.
Првиот меѓу дебарските советници, посочува дека истата хармонија, разбирање и определба да се одлучува во интерес на граѓаните владее и во работата на комисиите формирани од Советот.
- Десетте комисии при Советот работат во функција на донесување на секоја одлука или друг документ од страна на советот. Во нив членуваат советници, но повеќето се стручни лица-експерти од соодветната област, нагласува Машкули.
Меѓу другите, во рамки на советот постојат, комисијата за статут и прописи, комисијата за финансии, буџет и локален економски развој, комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, за општествени дејности, за мандатски прашања, избори и именувања, потоа комисијата за односи меѓу заедниците, како и родова рамноправност.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат