Македонија
16. February 2022 - 9:12

Советот на јавни обвинители со еден член помалку

Членот на Советот и негов поранешен претседател, Ацо Колевски, го напушта Советот на јавни обвинители заради завршен мандат. 

На денешната седница на советот ќе се констатира истекот на неговиот мандат, а ќе се објави и оглас за пополнување на испразнетото место.

Од февруари 2018та Колевски беше член на Советот на јавни обвинители, а една година подоцна беше избран за негов претседател.

За член на советот беше избран од  редот на јавни обвинители, па и изборот на кандидат кој ќе седне на местото на Колев ќе се бара од обвинителите во земјава.

 

Зоран Јаневски