Советот на Европа незадоволен по објавувањето на препораките на Венецијанската комисија за Полска
Венецијанската комисија, советодавен орган на Советот на Европа, според работната верзија на нејзиното мислење ја предупредува Варшава наспроти ризиците за правната држава во однос на реформите кои го парализираат Уставниот суд на Полска, јавува дописникот на МИА од Париз.
Во текстот, кој беше објавен од еден полскиот весник „Газета Виборча“ и без одобрение на Венецијанската комисија ја опишува Полска како земја во „уставна криза“.
Според неофицијалното мислење, „се додека Уставниот суд не може да продолжи со својата работа на ефикасен начин, не само правната држава, туку и демократијата и човековите права се во опасност“.
На објавувањето на текстот веднаш се реагираше и тој предизвика сериозни бранувања во Стразбур и во Полска.
Така што Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд се огласи со посебно соопштение во кое изразува жалење што нацрт мислењето на Венецијанската комисија за измените назаконот кој се однесува на Уставниот суд „беа откриени и покрај нивниот доверлив карактер и дека е отворена дебата за нацрт мислење“.
- Јас ги повикувам сите страни да го сочекаат дефинтивното мислење, кое ќе биде обелоденот на официјалната сесија на Венецијанската комисија и да се воздржат од секоја злоупотреба на овој документ за политички цели, изјави Јагланд.
Венецијанската комисија своето мислење за Полска ќе го објави на пленарната сесија во Венеција на 11 март.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани