„Советодавен“ референдум во Холандија за договорот на Украина со ЕУ

Во Холандија ќе се организира референдум за договорот на Украина со ЕУ, откако 427 илјади лица ја подржаа „граѓанската иницијатива“ за референдумско изјаснување.
Референдумот треба да одржи во рок од шест месеци.
Неговиот резултат не е обврзувачки за владата, но таа ќе мора одново да го разгледа договорот, доколку одзивот на референдумот изнесува 30 отсто, а мнозинството од гласачите се определиле против договорот на ЕУ со Украина.
Холандскиот Парламент веќе го подржа европскиот договор на властите во Киев, со кој се отстрануваат трговските бариери меѓу ЕУ и Украина.
Противниците на договорот во Холандија, стравуваат дека тој може да претставува чекор напред кон членството на Украина во Унијата, а тоа, според нив, ќе ги чини холандските даночни обврзници милијарди евра.
Тие ги предупредуваат гласачите, дека договорот со ЕУ ќе им овозможи на Украинците да патуваат низ Унијата без визи, во време кога нивната земја е во војна со Русија.
Активистите од редовите на домашните евроскептици, кои водат кампања против договорот со Киев, успеаја да обезбедат предност, откако го истурка новиот холандски закон со кој е дозволено орагнизирање „советодавен“ референдум, доколку се обезбедат 300 илјади потписи.
ЕУ и владата во Украина долго време преговараа околу договорот за поблиски врски, но во ноември 2013 година, тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, одби да го прифати договорот меѓу Брисел и Киев.
По неговото сменување од власта, новата влада го потпиша договорот и некои негови одредби веќе се во сила.
Трговскиот дел од договорот треба да почне да функционира на 1 јануари идната година, долколку до тогаш го ратификуваат сите 28 земји членки.Останува тоа да го направат уште шест земји од Унијата.
Ново на Сител
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
-

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе
-

ЦУК во координација со институциите: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица
-

Муцунски: Од земја која во минатото бараше помош, денес сме држава која ги штити своите граѓани и им помага на пријателите
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
