Советникот за надворешна политика на канцеларката Меркел на средба во МНР

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го запознал советникот за надворешна политика во Владата на СР Германија Јан Хекер со текот на реформите неопходни за европската и евроатлантска перспектива на Република Македонија.
Како што соопшти МНР, Димитров денеска го примил на средба Јан Хекер, кој е советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел и кој е во работна посета на земјава.
Посебно внимание, наведува МНР, беше ставено на предизвиците во тој процес, вклучувајќи го и текот на преговорите со Грција за надминување на разликата околу името.
- Советникот Хекер увери дека идната германска Влада ќе ја продолжи својата активна улога за интеграцијата на Република Македонија и регионот во ЕУ и НАТО, истакнувајќи дека Западниот Балкан останува врвен приоритет на германската надворешна политика. Тој исто така ги поздрави напорите на Владата на Република Македонија за спроведувањето на домашните реформи и позитивниот и проактивен пристап во односите со соседите, информира МНР.
Шефот на дипломатијата Димитров се заблагодарил за козистентната поддршка на СР Германија за европската перспектива на Република Македонија и во тој контекст го поздравил договорот за формирање нова коалициска влада во Берлин, како исклучително значаен за регионот, Европа и пошироко.
Ново на Сител
-

Студено утро, најниска температура измерена во Берово
-

Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија
-

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил
-

Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс
-

Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт
-

Протести во Бугарија поради предлог буџетот за 2026, судири со полицијата во Софија
-

Вучиќ претпладнево на затворен состанок со тимовите задолжени за енергетска стабилност на Србија
