Совети за стомачните грчеви кај бебето
Грчевите во стомакот се една од најчестите непријатности кај новороденчињата. Обично, тогаш родителите се чувствуваат целосно беспомошни, бидејќи бебето може да плаче со часови без оглед на обидите да го смират.
Моментот кога бебето е добро најадено и полека задоволно заспива, е неверојатно пријатен. Исто толку неверојатно болно е кога детето плаче и родителот знае дека стомачето го боли, но не може да му помогне. Кога ќе се појават стомачни грчеви, бебето станува немирно, напнато, ги стега тупаниците, ги става колената под стомакот, поцрвенува во лицето и може неутешно да плаче со часови. Следат неколку корисни совети коишто ќе бидат од помош за ублажување на грчевите и болките во стомакот на бебето.
Грчеви во стомакот може да се појават кај дури 20 отсто од новороденчињата само неколку дена по раѓањето. За жал, сè уште не е позната точната причина за ваквата појава, но има и други фактори коишто може да влијаат на тоа. Меѓу најчестите е неразвиеноста на системот за варење на храната на бебето.
Додека плаче, на бебето со стомачни грчеви може да му се даде дојка или шише, но кога ќе ги фати, веднаш ги отфрла.
Други причинители на стомачните грчеви кај бебе: Прекумерно внесување лактоза т.е. млечен шеќер во организмот; Забрзано празнење на цревата; Голтање премногу воздух за време на доењето; Прејадување, или обратно – глад кај бебето; Неправилно доење или несоодветна големина на дупчето на шишето.
Симптомите обично се јавуваат во доцните попладневни часови. Како може да се ублажат грчевите и болките?
Како што сите возрасни се различни, и бебињата се приказна – секое за себе. Така што, истата мерка нема да работи исто на две различни деца. Но, има неколку начини коишто може да се испробаат, пишува порталот „Кликс“.
Понекогаш дури и нежно гушкање, прошетка во количка или возење во автомобил може да помогне.
Натаму, малку е невообичаено, но некои бебиња се смируваат со звукот на правосмукалката или на фен за коса, според родители кои ги споделуваат своите искуства на интернет.
Некои бебиња се смируваат со масажа на стомакот во насока на стрелките на часовникот. Може, се вели, да го поставите бебето нежно на стомакот и нежно да го тапкате по грбот.
Може да помогне и чај против надуеност, набавен во специјализирана продавница или аптека. Тој чај содржи состојки како анасон, ким и копар. Анасонот е познат по своите антиспазмодични и ефекти против надуеност и затоа е составен дел на многу производи за ублажување на дигестивните проблеми.
Има и посебни капки на природна база оваа намена. Битно: Овие средства не може целосно да ги спречат грчевите, но може да ги ублажат нивните симптоми.
Ново на Сител
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло