Совети за првата средба со нејзините родители
По успешните први неколку љубовни состаноци, дружење и врска, обично доаѓа време кога момчето треба да ги запознае нејзините родители. И, од посебна важност е тој да остави добар впечаток кај таткото на девојката.
Па, ако дојде до она „неславно“ прашање: „Кои се твоите намери со мојата ќерка?”, треба да се биде подготвен за одговор веднаш. Момчињата корисници на интернет-страницата Редит дадоа повеќе одговори на ова прашање.
„Навистина ми се допаѓа и среќен сум со неа”, надополнето со – „Сакам да ја направам среќна и да се чувствува сигурна” – се чини како најсигурен и најстабилен, а и најчест одговор.
Меѓутоа, фората е што ова може да биде и трик-прашање. Еден од одговорите на друштвената мрежа, гласи:
„Не постои витински одговор. Тој знае дека вашата намера е иста како и неговата со нечија друга ќерка. Само погледнете го во очи, бидете искрен и кажете му: ‘Господине, само сакам да уживаме, и да се потрудам да доаѓа дома навреме’.”
Познавачите пак, посочуваат дека на таквите средби, таткото на девојката обично сака индиректно да му укаже на момчето дека ја одгледал својата ќерка да биде самоуверена и способна да управува со своите врски, како и сама да поставува граници и да донесува одлуки. Во овој случај, советот гласи – не е паметно ниту на шега да му се противречи на повозрасниот спроти вас и да се покаже потребната почит, а со тоа и – зрелост.
Пристојна облека, како и мал подарок како знак на внимание кон домот – се можеби најбитни за првичниот впечаток.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа