Совети за несоница: Војнички метод за заспивање за две минути
Оние кои се борат за полесно и брзо заспивање, постојано бараат нови техники. Меѓу можеби најефикасните е војничкиот метод „Заспивање за две минути“ што го користат американските војници и пилоти, појаснува д-р Линдзи Браунинг. Таа верува дека оваа техника е делотворна и им препорачува на луѓето со несоница.
– Методот делува бидејќи ве тера да ги опуштите мускулите на вашето тело, наместо да дозволите несаканите мисли да ви го преплават умот, вели д-р Браунинг.
Овој метод првпат е спомнат во книгата „Опушти се и победи: Шампионска изведба“ (Relax and Win: Championship Performance) од 1981 година. Се тврди дека има 96 отсто успешност по шест недели вежбање.
Сѐ тоа почнува со опуштање на мускулите на челото, очите, образите, вилицата и сосредоточување на дишењето. Особено рамената да не се напнати… Се спуштаат колку што може пониско и рацете, дланките и прстите се држат опуштени крај телото. Потоа, земете длабок здив и полека издишете, опуштајќи ги градите, стомакот, бедрата, колената, нозете и стапалата.
Потоа, замислете две „сценарија“. Прво – лежите во чамец среде мирно езеро, нема ништо, само синото небо над Вас. Второ – лежите во црна мека лежалка во темна соба. Ако почнете да размислувате за нешто друго, повторете го зборот „не размислувај“ 10 секунди.
Според д-р Браунинг, луѓето често не можат да заспијат бидејќи нивните умови се „премногу зафатени“ со други грижи или се вознемирени.
– Воениот метод на заспивање е многу сличен на техниката за прогресивна мускулна релаксација што ја посочувам на моите клиенти со несоница. Постојат и други техники со кои можете да се обидете полесно да заспиете, како што се бавно длабоко дишење или броењето, додава таа.
Проблемот со несоницата е тешко да се реши со обични техники за опуштање, ако тој е потежок и, во тој случај веројатно ќе треба поопсежна стручна помош.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци