Совети против наезда од муви
Мувите, во повеќето случаи, не се опасни, но освен што се здодевни и често нѐ нервираат, понекогаш може да бидат преносители на вируси и бактерии што се шират преку храната. За да не се собираат муви, се препорачуваат неколку работи.
Првиот совет гласи: Отстранете ја храната која почнала да скапува – било тоа да е старо месо или овошје, зеленчук… Исто така, осигурете се, површините во опкружувањето да бидат суви, бидејќи по природа, мувите положуваат јајца на влажни површини.
Натаму, собирајте го ѓубрето редовно. Корпата полна со храна е „идеалниот дом“ за муви, особено лете, па затоа ѓубрето се фрла редовно и корпите треба да се секогаш затворени.
Одредени растенија или зачини имаат силен мирис што мувите не ги сакаат. Тука спаѓаат: босилекот, лавандата, невенот, ловоровиот лист и нането, кој може да стојат и на маса. Истото важи и за црвените пиперчиња.
И растенијата муволовки се делотворни против овие летни „напасници“, оти тие, всушност, се хранат со муви и другите инсекти. Но, поубаво е да бидат засадени во градината, а не во куќата.
Следуваат вештачките муволовки… Мешавина од оцет и детергент за миење садови е, исто така, одлична стапица за мува. Во мало капаче, измешајте јаболков оцет со неколку капки детергент, и тоа оди во висока чаша, што се покрива со фолија со дупче. Мувите ќе бидат привлечени од мирисот на јаболко, но ќе се залепат за детергентот.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
