Совети против мрсна и сува коса
Човековиот скалп обично произведува одредена количина маснотии за да остане влажен и да ја заштити косата. Меѓутоа, прекумерно многу или премалку маснотии може да доведат до недостаток на волумен, но и до иритации. Затоа, велат стручњаците, ако причината за прекумерно мрсната коса се открие навреме, сѐ тоа може да се стави под контрола. Следат неколку можни причинители.
Пречесто миење на косата
Тоа е една од најчестите причини за мрсна коса. На скалпот, имено, има тн. добри бактерии одговорни за здраво ниво на пХ-вредноста на кожата, а премногу честото миење може да предизвика нарушување на таа пХ-рамнотежа. Советот гласи: Постепено намалување на бројот на миења на косата и - користење производи за нега коишто не го сушат скалпот.
Фризури со косата во опавче
Иако многу луѓе користат опавче за да ја сокријат мрсната коса, всушност, оваа фризура предизвикува таложење маснотии под коренот на косата. Тоа е затоа што овие фризури бараат многу производи за стилизирање. А, како и со многу други, не треба да се претерува ниту со тие средства.
Миење со само топла вода
За отворање на порите, но и поделотворно отстранување на нечистотијата, се препорачува миење со топла вода, секако. Сепак, топлото може да биде и штетно за косата бидејќи го измива слојот масти, а тоа го суши скалпот и поттикнува појава на првут. Во овој случај, најдобро би било да се користи топла вода при нанесување шампон и регенератор, а на крајот плакнењето да биде со ладна вода - за да ги затвори порите.
Погрешен производ
При миењето коса, важно е да се користат средства коишто ѝ одговараат на самата коса и скалпот. Премногу силните производи може да ја направат косата рамна и мрсна. Во случај на вообичаено „нормална“ коса, попрво треба да се избегнуваат производи наменети за сува и оштетена коса.
Често допирање
Кога си ја допирате косата, бактериите се разнесуваат и така се поттикнува побрзо мастење. И пречестото чешлање и четкање, исто така, може да предизвика брзо мастење на косата. Затоа, стручњаците препорачуваат чешлање само двапати на ден.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
