Сотирова: Новинарот имал контакт со член од семејството кој е позитивен на вирусот
Во семејството на новинарот кој е позитивен на коронавирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската фамилија, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова.
– Во блиската фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен. Новинарот имал контакт со тој член од неговата фамилија, меѓутоа за детални информации кој, каде и кога ќе биде ставен во евентуална самоизолација ќе следува по спроведената анкекта од Центарот за јавно здравје, која во моментот е во тек, истакна Сотирова на прес-конференцијата во Владата.
Таа информира дека е завршен и инспекцискиот надзор во Домот за згрижување на возрасни лица „Су Рајдер“ во Битола.
Донесени се сет на повеќе од 12 мерки што треба да ги спроведе Домот за згрижување на стари лица меѓу кои изолација на луѓето кои биле во контакт со заболениот, дезинфекција на просторот и немешање на персоналот кој работел на тој оддел со останатите оддели.
Сотирова информира дека заболеното лице е примено во Домот на 18 март, а претходно на 11 и 12 март имал контакт со внука која допатувала од ризична земја. Симптомите кај лицето се појавиле на 2 април, по што веднаш е тестиран и на 4 април е добиен позитивен резултат. Лицето е хоспитализирано на Инфективното одделение во Битола и според последните информации е во добра здравствена состојба.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација