-->
-->
Состојбата во транзитниот центар Табановце стабилна
-->

Во Транзитниот центар Табановце денеска пристигнале 441 мигранти, дел од нив веднаш се упатиле кон соседна Србија, 13 се вратени од српска страна и се наоѓаат во центарот, извести координаторот на ТЦ Табановце, Горан Стојановски.
-Состојбата во центарот е мирна и стабилна. Вчера неколкумина од нив мирно протестираа со испишани пароли дека сакаат да го продолжат патот кон северните земји, но за десетина минути мирниот протест заврши, изјави Стојановски.
Информира дека капацитетот на транзинтиот центар речиси целосно е исполнет, а бројот на бегалци варира во зависност колку лица се пропуштаат од српската страна.
Претходното деноноќие, според информациите на РЦУК Куманово, седумина мигранти побарале помош во болницата и Здравствениот дом во Куманово, при што на сите им е укажана помош. Центарот за јавно здравје извршил дезинфекција на вкупна површина од 3.000 метри квадратни, а екипите на „Чистота и Зеленило“ редовно го изнесуваат сметот.
Во меѓувреме во центарот се тампонира просторот, се сервисираат тоалетите и се работи на водоводната мрежа. Бројните хуманитарни организации делат храна, облека и пружаат помош на бегалците сместени во Центарот. Се преземаат и посебни мерки за пружање помош на инвалидизираните лица, лицата со посебни потреби и други ранливи категории, децата и мајките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
