Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК апелира до возачите да имаат зимска опрема и доволно гориво ако патуваат

Состојбата со врнежи во земјава во моментот е стабилна, но според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица. Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна интеракција со површинските води и појава на заезерување.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека е побарано од единиците на локалната самоуправа да ги задолжат јавните претпријатија да ги проверат сите критични локации на кои е можно излевање или поплавување на реките.
Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, а за оние што ќе патуваат следните денови да имаат доволно гориво во резервоарите и соодветна зимска опрема бидјеќи е можно да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни. Лицата кои живеат на повисоки места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови).
Во случај на опасност или потреба, граѓаните може да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици – 112 во ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
