Состојбата се влоши: На Шумахер му е потребно чудо да остане жив

Здравствената состојба на Михаел Шумахер е влошено, велат одредени медиуми, кои се повикуваат на неименувани, но како што велат доверливи извори.
Британски и американски медиуми се повикуваат на неименуван неврохирург, кој го лечи Михаел. Според нив, тој тврди дека на славниот возач му е потребно чудо да преживее, затоа што неговата состојба се влошила.
Семејството на легендата на Ф1 сеуште се нема огласено околу овие информации. Неговото семејство на сите начини ги чува информациите околу неговото лекување, а кога се огласува тоа го прави преку портпаролот Сабина Кем.
Шумахер доби тешка повреда на главата на скијање во Франција на 29 декември 2013 година. Тој едно време беше во вештачка кома во болницата во Гренобл, а сега е на рехабилитација во својот дом во Швајцарија.
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
