Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.245.741 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 67.930, а оздравеле 256.760 луѓе.
– Во Италија се потврдени нови 4.316 заразени случаи со коронавирус и уште 525 починати во изминатите 24 часа. Вкупно во земјата се заразени речиси 130.000, а починале 15.887.
– Словенечкиот премиер Јанез јанша оцени дека за две до три недели неговата Влада би можела да почне да укинува некои рестриктивни мерки воведени поради епидемијата на Ковид-19.
– Некои јужнокорејски цркви почнале да нудат драјв-ин верски служби, а други ги пренесуваат мисите преку интернет, со цел да ги избегнат строгите мерки за спречување на новиот коронавирус.
– Во Африка поради пандемијата на Ковид-19 се загрозени околу 20 милиони работни места.
– Во американската држава Њујорк досега се регистрирани 122.031 случај на зараза со коронавирус. Во последните 24 часа во таа држава починале 594 лица, а хоспитализирани се 575 пациенти.
– Шефот на американската воена здравствена служба Џером Адамс изјави дека следната недела ќе биде „најтешка и најтажна“ за „животите на повеќето Американци“, споредувајќи го претстојниот мрачен период на пандемијата на новиот коронавирус во САД со „Перл Харбор“ и терористичките напади на 11 септември 2001 година.
– Во Шведска во последното деноноќие од новиот коронавирус починале 28 луѓе.
– Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека во следните денови ќе ги ублажи некои мерки воведени во борбата против ширењето на Ковид-19.
– Папата Франциск служеше миса по повод празникот Цветници во базиликата „Свети Петар“ во вонредни околности поради новиот коронавирус.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава