Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 290.897 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.949, а оздравеле 93.618 лица.
– Целосна забрана за движење во дел од Босна и Херцеговина ќе стапи во сила денеска во 20 часот, соопшти членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, објаснувајќи дека мерката се однесува на Република Српска.
– Србија има 14 нови случаи на инфекција со коронавирус, вкупно 149.
– Експерти потврдија дека сè уште нема докази дека Ковид-19 може да се шири по сексуален пат, но повторија дека респираторните болести може да се пренесе преку близок или директен контакт со оние кои се заразени.
– Британската Влада упати апел до граѓаните да пазарат согласно нивните потреби, и да мислат и на другите кога прават непотребни залихи.
– Во цела Африка има 830 случаи на заразени со Ковид-19. Ангола регистрираше први два случаи, еден во Зимбабве, а на Маурициус расте загриженоста по првиот смртен случај.
– Германската канцеларка Ангела меркел е забележана како ги купува потребните производи од супермаркет во Берлин. По пазарањето на продуктите кои ќе и требаат за текот на викендот ги платила со картичка.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска