Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 126.513 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.630, а оздравеле 68.319.
Хрватска – Министерот за екологија и енергетика Томислав Ќориќ изјави дека луѓе кои шират лажни вести за новиот коронавирус треба да бидат казнети, а министерот за внатрешни работи Давор Бижиновиќ и за правда Дражен Бошњаковиќ најавија истрага против такви поединци. На социјални мреќжи се шири вест дека Загреб е под карантин. Во моментот во самоизолација се 5.900 луѓе. Првите тројца кои беа заразени веќе се излекувани
Словенија – Според официјални податоци – има 57 заразени со коронавирусот. Од понедленик се затвораат сите училишта, градинки и факултети. Заразени се две учителки од две основни училишта. Во едната е заразен и ученик.
Србија – Властите затворија некои гранични премини кон Хрватска. Број на заразени е 19.
Австрија – Се поголем број заразени – до утрово 302 лица. Вчера попладне цифрата беше 246. Од почетокот на епидемијата излекувани се четири лица. Од понеделник се затвораат училилштата и градинките до 12 април. Во средните училишта ќе учат онлајн.
Данска – Данските власти ги затвораат сите градинки, училишта и универзитети на две недели од понеделник. Вработени во државниот сектор чии дејности не се исклучително важни одат на одмор. Има вкупно 514 случаи на заразени, од понедленикот таа цифра е зголемена 10 пати.
Австралија – Регистрирани 125 случаи. Починаа вкупно три лица.
Индија – Заразени осум нови лица, вкупно се 68.
Њујорк – Дау Џонс потона како во кризата во 2008 година.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто