Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 425.662 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 18.951, а оздравеле 109.225 лица.
– Во словенечките затвори се воведува нов режим поради коронавирусот.
– Англија и Велс веројатно ќе пуштат времено некои затвореници на слобода за да се спреќи ширењето на Ковид-19 во затворите.
– Српскиот министер за здравство Златибор Лончар соопшти дека во Србија е регистриран и четвртиот смртен случај од коронавирус. Станува збор за 60-годишна жена дијабетичар, а на респиратор била од 21 март.
– Прв случај на коронавирус во Либија.
– Американскиот државен секретар Мајк Помпео упати остри критики за кинеското постапување со ширењето на новиот коронавирус, истакнувајќи дека кинеската владејачка Комунистичка партија се уште ги негира податоците потребни за спречување на натамошни случаи на зараза.
– Кина денеска ги укина острите ограничувања воведени пред неколку месеци во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата на новиот коронавирус.
– Американскиот Сенат и Белата куќа договорија пакет помош за американската економија во вредност од два билиона долари поради пандемијата на Ковид-19.
– Калифорниските власти ги повикаа младите да ги почитуваат безбедносните препораки во борбата против коронавирусот, по смртта на млад човек во близина на Лос Анџелес, која е прва позната жртва од Ковид-19 меѓу младите на американска територија.
Ново на Сител
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
