Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 40м. има на планинскиот превој Плетвар до 50 метра.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје