Состојба на патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ