Македонија
14. October 2016 - 8:45

Состанок за заштита на биолошката разновидност

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот состанок за проектот за заштита на биолошката разновидност преку ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето и користењето на земјиштето.

На состанокот, како што е најавено, ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети.

Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, а го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата на ОН за животна средина.