Состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ (во живо)
Премиерот Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама денеска учествуваат на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана.
Тие ќе потпишат заеднички договор за услови за слободен пристап на пазарот на труд во Западен Балкан, како и договор за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Потоа, министрите за земјоделство на Албанија и на Србија, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ и заменик министерот Трајан Димковски ќе го потпишат Договорот за соработка во областа на ветеринарството, фитосанитарната и безбедноста на храната и животните. Исто така, се планира потпишување на Договорот меѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Албанија за взаемно признавање на одобрените овластени деловни субјекти за сигурност и безбедност (АEOС), како и на Договорот меѓу Владата на Србија и Советот на министри на Албанија за заемно признавање на одобрените овластеи деловни субјекти (АЕОС).
По потпишувањето на договорите во 13 часот е најавена заедничка прес конференција.
Ново на Сител
-

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
