Состанок на балканската Мрежата на истражувачите во областа на руралниот развој

Заеднички настапи на меѓународни проекти од областа на руралниот развој на балканските држави е препораката која ја упатија учесниците на денешниот состанок за воспоставување Мрежа на истражувачи од областа на руралниот развој од регионот на ЈИЕ, во организација на Здружението на агроекономистите на Република Македонија (ЗАЕМ) во соработка со Истражувачкиот центар за јавни политики од Белград.
- До сега бевме дел од големите мрежи кои ги водеа други организации, кои ни наметнуваа свои теми, а ние ги следевме. Овој пат мислам дека можеме да го покренеме значењето на овие теми од страна на нашите земји кои се различни од другите земји во светот кои имаат други приоритети и различни политки за оваа област, истакна Наталија Богданов професорка на Факултетот за земјоделски науки од Белград.
Според неа овој состанок е многу важен од аспект што прв пат научниците и iстражувачите имаат можност од, како што рече, свој агол да ги разгледаат проблемите на руралните региони како и проблемите на научните предизвици. Потенцира дека овој состанок ќе придонесе за поголеми успеси но дека ќе резултира и со научен придонес.
На состанокот учествуваат претставници од над 20 научно-истражувачки институции од девет земји од регионот.
Формирањето на оваа мрежа е поддржано од страна на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан управувана од Универзитетот Фрибург, со мандат даден од Швајцарската агенција за развој и соработка, SDC.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
