-->
-->
Сосиедад ја врати неизвесноста во Примера
-->
Фудбалерите на Реал Сосиедад ја вратија неизвесноста во борбата за титулата во Примера, откако во 32. коло ја совладаа Барселона со 1:0. Барса на шест кола до крајот на шампионатот има три бода повеќе од Атлетико и четири од Реал, кои претходно забележаа победи во дуелите со Еспањол, односно Еибар.
Барселона на последните три гостувања забележа истото толку порази на „Аноета“, а на овој стадион нема победа веќе девет години. Исто така, каталонскиот тим на последните три натпревара во Примера има освоено само еден бод.
Тренерот на Барселона Луис Енрике комбинираше со составот, Иниеста, Ракитиќ и Алба останаа на клупата, а Суарез воопшто не беше во тимот. Барса ја контролираше играта, но голманот на Сосиедад Рули ги одбрани обидите на Арда Туран, Иниеста, Нејмер и Меси.
Решавачкиот момент на мечот се случи во петтата минута кога Ојарсабал, постигна преубав гол со глава.
Реал за 40.минути го реши победникот на мечот со Еибар. Зинедин Зидан комбинираше со составот Реал и лесно го реши баскискиот тим. Хамес Родригез ја отвори серијата, а ја продолжија Лукас, Роналдо и Хесе.
Кристијано Роналдо на овој меч испиша историја во шпанскиот фудбал, откако и во шестата сезона постигнува најмалку 30 голови во првенството.
Атлетико гостуваше во Барселона и со пресврт славеше над Еспањол. Пресвртот го режираше Коке, кој им асистираше на Фернандо Торес и Гризман, а потоа и сам постигна гол. Во поразот 1:3 единствен стрелец за Еспањол беше Диоп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј