Сорос ја почна кампањата на СДСМ
Пари на рака за добро завршена работа, тоа е начинот на кој функционира Сорос, застанувајќи зад СДСМ. Дебело платени активисти, се претставуваат како „независни граѓани“ и одработуваат и ги застапуваат ставовите на СДСМ пред почетокот на изборната кампања. Овој пат фатени на камера со неможност да негираат за своите нечесни постапки, пишува Денешен.мк.
Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” – Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Патокази – Гевгелија, Визио – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес, КХАМ – Делчево, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности, Младински образовен форум и Здружение за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ), стојат како носители на акцијата „Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро!
Горенаведените НВО, под акцијата „Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро!“ финансирани од џебот на Сорос започнаа со кампања низ градовите во Македонија, со прва станица Охрид. Ставовите се исти како оние на СДСМ, па овие навидум независни граѓани, веќе ја почнаа кампањата на опозицијата.

Камионот се движел низ улиците во Охрид, на ден пред почетокот на изборната кампања, каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи својот прв митинг, а на разглас се споделувале пароли против владејачката партија, велат очевидците. Додаваат и дека на плоштадот фрлале димни бомби, пишува Денешен.
Граѓанските активисти кои го возеле овој камион, откако ја завршиле својата мисија, биле парично наградени. Имено, до нашата редакција стигна видео во кое јасно се гледа дека член на акцијата излегува од комбето и на бензинска пумпа се сретнува со човек кој му дава пари за сработеното.

Човекот кој го исплаќа „независниот активист“ излегува од возило кое што е правна сопственост на Институтот Отоврено општество, финансиран од Сорос, додека пак камионот е регистриран на правно лице со седиште во Петровец.
Претходно, оваа акција на групата „независни“ НВО беше предупредена од Ад хок телото, задолжено за следење на медиумите, кое реагираше на емитуваните спорни спотови на телевизиите Телма и Тв 24.
Спотот изработен за потребите на невладините финансирани од Сорос е речиси идентичен со спотовите и говорите на СДСМ, како и со нивните барања. Спорниот спот на НВО кој се вклучува во кампњата на Социјалдемораткиот сојуз беше емитуван на Телма телевизија, а со своја реакција излезе и Привремената комисија за следење на медиумското преставување во која се бара од радиодифузерите и здруженијата на граѓаните да го почитуваат словото на Изборниот законик.
-Во врска со објавените пораки од кампањата „Ние одлучуваме“, Привремената комисија за следењe на медиумско претставување укажува: Тргнувајќи од обврската за почитување на Изборниот законик и обезбедување на позитивна клима за фер и демократски избори, Привремената комисијата ги повикува здруженијата на граѓаните и радиодифузерите да го почитуваат духот и словото на Изборниот законик. Привремената комисијата го почитува правото на граѓанските организации да организираат кампањи од јавен интерес и едукација на граѓаните, но при тоа да обрнат внимание нивните пораки да не бидат идентификувани со пораките на учесниците во изборниот процес, се вели во соопштението на Привремената комисија за следење на медиумското преставување.
Ново на Сител
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
