Соработка на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД

Начините за проширување на соработката на Мировниот корпус на САД со Министерството за локална самоуправа, со цел волонтерите од САД да бидат целосно вклучени во животот на локалните заедници, беа тема на денешната средба на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменикот министер Дејан Павлески со директорот на Мировниот корпус, Марк Ханафин.
- Во Македонија моментно се присутни 74 волонтери кои што се вклучени во работата на општини, невладини организации, училишта и преку своите активности му помагаат на локалното население да научи различни вештини, изучување на англискиот јазик, работа на проекти и слично, рекол на средбата директорот Ханафин, соопшти Министерството за локална самоуправа.
Како добри примери на соработка на средбата се посочени општините Струмица, Новаци, Маврово и Ростуша, каде волонтерите од Мировниот корпус работат на основање клубови за млади, за пензионери и за жени, реализираат заеднички активности со локалните младински совети и организираат обуки за лидерство, заштита на животната средина, работа со лица со посебни потреби.
- Голем успех е да се воспостави тесна соработка со локалното население и е вистинска можност по локалните избори соработката да се интензивира со присуството на новиот контингент на волонтери, кои што пристигнуваат во септември, истакнал министерот Фазлиу.
Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, пак, потенцирал дека соработката меѓу граѓаните уште повеќе ги зајакнува односите меѓу двете земји, а улогата на Мировниот корпус е многу значајна затоа што волонтаризмот е значаен за развојот на демократската свест во општеството.
Мировниот корпус е американска владина организација која што во Република Македонија е присутна од 1996 година со повеќе од 200 доброволци кои што престојувале во педесетина општини.
Ново на Сител
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
-

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
-

Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
-

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
-

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени без животна опасност
-

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
