Македонија
21. October 2015 - 13:44

Соработка на ФИНКИ и Мајкрософт за унапредување на вештините и продуктивноста на студентите

Во рамките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска и официјално се означи почетокот на имплементацијата на програмата  на Мајкрософт „Students and teacher advantage” за унапредување на вештините и продуктивноста на студентите и на самиот процес на учење.

- Инвестицијата во образованието е најдобар влог во иднината. Програмата е имплементација на договор за разбирање потпишан минатата година со Министерството за информатичко образование и администрација, а со цел да се подобрат вештините на младите луѓе, односно да се зголеми вработливоста на младите во Македонија, изјави Стефан Плавјански, директор на Мајкрософт Македонија.

Со оваа програма, ФИНКИ на сите студенти и професори им обезбедува бесплатна верзија на Мајкрософт Офис 365 ПлусПро. Преку оваа програма сите студенти и вработени ќе имаат пристап до најновата целосна верзија на Мајкрософт Офис без дополнителни трошоци. Секој студент или вработен во ФИНКИ ќе може да инсталира Мајкрософт Офис на најмногу пет компатибилни компјутери или Mac-ови, плус пет преносни уреди, со што се овозможува пристап до сите Офис документи.

- Според анализа на ИДЦ, вештините за користење на Мајкрософт платформите се наоѓаат на второ место, во редица на вештини што модерните работодавци ги бараат од младите луѓе што аплицираат за работа, додека на прво место е познавањето на јазиците. Тоа е уште еден индикатор колку сметаме дека прогрмата е важна за младите во Македонија, рече Плавјански.

Деканот на ФИНКИ Иван Чорбев истакна дека Факултетот со интензивната соработка со индустријата и достап до лиценцирани верзии на продуктивни софтверски пакети, им овозможува на студентите многу практични знаење кои ќе ги претворат во посакувани работници за вработување во успешни софтверски компании во Македонија, но и успешни претприемачи за во иднина и самите да креираат свои фирми и да бидат успешни на ИТ пазарот.

Студентите ќе можат бесплатно да го користат Мајкрософт Офис 365 ПлусПро се додека се активни студенти на ФИНКИ.

Програмата  „Students and teacher advantage“ е на располагање на повеќе од 35.000 образовни институции во светот.

- Македонија е една од првите земји во регионот, односно факултетот ФИНКИ, кој што Офис 365 пакетот преку оваа програма ќе го стави на располагање на своите студенти, рече Плавјански.