Сопственикот на објектот каде беше „Пулс“ бара ослободување поради сепса и бактерија, судијката го предупреди со притвор
На почетокот на денешната главна расправа, обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот каде што беше сместена дискотеката „Пулс“, побара од Судот да го ослободи од присуство, жалејќи се на лоша здравствена состојба, дијагностицирана сепса на градите и бактерија. – Го молам судот нешто да преземе. Јас не можам да се борам со животот. Како да дојдам кога не можам, немам сили да доаѓам на судење - посочи Милковски.
Судијката Дијана Груевска Илиевски, рече дека е запознаена и секојдневно била во комуникација со докторите, кои како што рече, ја информирале дека е најдена бактерија, но дека не е тоа многу сериозно.
Обвинетиот Милковски, кој се жалеше на лошата здравствена состојба и на претходните неколку рочишта, на ова инсистираше Судот да преземе нешто, нагласувајќи дека во спротивно може нема да дојде на некое од следните судења.
Во врска со ваквото произнесување на Милковски, судијката Груевска-Илиевска децидно одговори дека „првиот пат кога нема да се појави обвинетиот на судење, ќе му биде определен притвор“.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
