-->
-->
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-->

Сопствениците на Пари сен Жермен, „Катар Спорт Инвестментс“ се во преговори за купување на шпанскиот второлигаш Малага, пренесе „Екип“.
Катарците го купија ПСЖ во 2011 година, но сега почнуваат да го прошируваат своето портфолио во фудбалот. Тие неодамна купија 21,67 отсто од португалска Брага.
Според „Екип“, преговорите за купување на Малага се во напредна фаза и двете страни се блиску до договор за 100 милиони евра.
Една од причините зошто „Катар Спорт Инвестментс“ го избра овој клуб е затоа што градот ќе биде домаќин на натпреварите на Светското првенство во 2030 година, а стадионот ќе биде реновиран.
Инвестициската група преговара и за проект во Белгија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
