Сопругот на Елена Велевска ја откри својата страна на приказната, еве што вели
Фолк пејачката Елена Велевска вчеравечер на социјалните мрежи откри дека информациите кои излегоа во медиумите дека се разведува од сопругот Марјан се вистинити.
Таа преку статус потврди дека покренала бракоразводна парница откако неколку години трпела семејно насилство кое станало неподносливо, пишува Вистина мк.
Но, бидејќи приказната има две страни, редакцијата на Вистина.мк разговараше со Марјан Мирчески кој во телефонски разговор откри дека исказите на Елена се лага, но дека се уште живеат под ист кров.
-Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27-ми јули, вели Марјан за Вистина.мк.
Целата изјава на Мирчески може да ја прочитате на ВИСТИНА.МК.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите