Сопругот ме остави затоа што изгледав вака: Ми прати меил дека не се враќа дома, и поради тоа изгледам како никогаш предходно!
Џенифер веларди (33) од Торонто се тешела себе си со храна откако мајка и извршила самоубиство. Во најлошиот период имала 108 килограми, а бракот и се распаѓал.
На нејзиниот сопруг се повеќе му сметала нејзината дебелина, и еден ден од одмор и пратил меил во кој и соопштил дека повеќе нема да се враќа дома.
- Тоа ми беше шамар кој ми требаше. ме размрда и се разбудив од емотивна кома во која паднав кога мајка ми почина, вели Џенифер.
Се фрлила на здрава исхрана и изнајмила приватен тренер. напорно работела, но се и се исплатело, затоа што сега има 61 килограм и подобро од било кога.
Како што вели, периодот на емоцијонална вкочанетост за неа и за сопругот бил тежок.
- Само спиев и ни на крај на памет не ми доаѓаше да вежбам. Килограмите се зголемуваа но мене тоа не ме загрижуваше. Бев депресивна, а односот помеѓу мене и сопругот беше се полош, вели Џенифер. Сепак, додава, ги саботирал нејзините обиди за да ослабе.
- Кога и да пробав да се хранам здраво, ќе ми кажеше да престанам да купувам храна за зајци. Кога и да го прашав да одиме на прошетка, ќе ми се насмееше и ќе ми кажеше да идам сама. Никогаш отворено не ме навредуваше, но ми покажуваше дека не е заинтересиран за мене, вели таа. Така нивниот брак пропаѓал се до моментот кога тој отишол во Доминиканска Република во посета на семејството.На денот кога требал да се врати, и пратил меил да него очекува повеќе.
Тогаш решила де го смени својот живот. СЕ пренасочила на здрава храна, а кога симнала доволно килограми и да трча.
- Да се биде дебел е многу напорно. Ме болеа колковите, нозете, целото тело, зглобовите под голем притисок. сега можам да вклучам и различни физички активности. По години сокривања, прв пат минатото лето се соблеков во бикини. Конечно ја вратив контролата над своето тело, мозокот и душата, заклучува на крај Џенифер.
Ново на Сител
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП
-
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер е во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи
-
СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција
-
Каја Калас утре во Скопје, Мицкоски ќе ја пречека со веќе познатите ставови за уставни измени
-
Повеќе од 2000 претставки минатата година пристигнале на адреса на Народниот правобранител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ