Сопругата на конгресменот Џонсон ќе се кандидира на неговото место
Ребека Џонсон, сопруга на конгресменот на американската сојузна држава Кентаки, Ден Џонсон, кој се самоуби откако беше обвинет за сексуално малтретирање, најави дека ќе се кандидира на неговото место во Конгресот.
Ден Џонсон (57) се самоуби во средата откако беше обвинет дека сексуално малтретирал 17-годишна девојка во 2013 година. Конзервативниот политичар беше свештеник во црква во околината на градот Луивил, а беше избран во Конгресот на Кентаки во јануари годинава.
Неговата сопруга Ребека изјави дека текстот објавен од страна на Центарот за истражувачко новинство на Кентаки претставувал вистински линч на нејзиниот сопруг со лаги и манипулации. Поради тоа, Ребека најави дека ќе се кандидира на неговото место. Обвинувањата врз Ден Џонсон се дел од серијата новинарски извештаи во кои американски политичари, актери, новинари и бизнисмени беа обвинети дека сексуално малтретирале жени.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
