-->
-->
Соопштение од РФМ: Цените за лиценците стапуваат на сила од следната сезона
-->
Како реакција на дел од клубовите во медиумите и дел директно до РФМ, денеска од Ракометната федерација беше испратено соопштение кое го објавуваме во целост.
Известување за клубовите Врзано со одлуката за покачување на надоместокот за лиценца за странските играчи во ракометните клубови во Македонија од 1000 на 1500 евра (во денарска против-вредност) за сезоната 2015/2016 донесена на 22 август 2015 г. на редовна седница на УО, Ракометната Федерација на Македонија на 24 август 2015 г. доби писмено барање од: ,,РК Макс Струмица”, ,,РК Прилеп 2010”, ,,РК Пелистер Битола” и ,,РК Охрид 2013” за ревидирање на истата, односно нејзино стапување на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017. Земајќи го предвид барањето од горе-наведените клубови, податокот што буџетите за натпреварувачката сезона 2015/2016 се дефинирани и затворени, како и реакцијата на РК Вардар испратена до медиумите, раководството на Ракометната Федерација на Македонија, испрати барање до членовите на Управниот одбор за постапување согласно наведеното. Поради итноста за донесување одлука, согласно Член 35 од ,,Статутот на РФМ“, како и Член 3, точка 11 од ,,Законот за здруженија и фондации“ (Службен Весник на РМ бр. 52 од 16 април 2010г.), Управниот одбор на РФМ се согласи одлуката за покачување на надоместокот за странски играчи во ракометните клубови во Македонија на 1500 евра да стапи на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017. Би ја искористиле оваа прилика да напоменеме дека Ракометната Федерација на Македонија е отворена во секое време за дијалог со сите ракометни клубови во Република Македонија на сите релевантни ракометни теми, и како и до сега, ќе дадеме сè за создавање атмосфера во која сите ќе можат да напредуваат, но таа комуникација очекуваме да биде двонасочна, бидејќи, сепак клубовите се оние кои се базата од која потекнуваат квалитетни национални репрезентативци кои достојно (ќе) ги бранат боите на Македонија.
Спортски поздрав,
Ракометна Федерација на Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
