Сообраќајот во зимски услови, затворен патот Македонски пат-с. Здуње
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП „Македонијапат“.
Патниот правец Македонски Брод - с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!