Сообраќајот во зимски услови, наместа можна појава на голомразица
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, соопшти ЈП Македонијапат.
Слаб снег провејува на планинскиот превој Стража, во Маврово и Смојмирово. Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонијапат информира дека нејзини дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024