Македонија
29. December 2017 - 19:11

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег во Крушево, Ѓавато и Пресека

 -  Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Крушево и на планинските превои Ѓавато и Пресека, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.