Македонија
13. March 2017 - 8:13

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Буково - Ѓавато и Крушево

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково-Ѓавато и Крушево но, не се задржува на коловоз.

Надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.