Сообраќајот низ државава без застои и забрани
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по суви коловози на пониските места, додека пак на повисоките, планински и осојничави места се бележат наместа влажни коловози.
Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Според МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќај заклучно со 28.12.2015 година, состојбата е следна: автопат Велес - Куманово - сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, автопат Куманово - Велес - нема изменет режим, автопат Скопје – Куманово - сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сé до приклучокот на автопат Велес - Куманово, автопат Тетово – Велес - запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово