-->
-->
Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-->

Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди.
Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
-

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028
-

Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји
-

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември
-

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
