Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози
Од АМСМ потсетуват дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
75-годишен скопјанец пријавил дека неговите три внуки се оддалечиле од семејниот дом
-
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко
-
Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
-
Приведен 49-годишник на ГП Долно Блаце, управувал со автомобил „ауди“ кое било барано од Интерпол
-
Малолетник нападнат од две лица во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар во Скопје
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово
-
Уапсен 40-годишник од Скопје, баран за издржување казна затвор од четири години