Македонија
28. August 2016 - 9:07

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ информира дека обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Патниот правец Скопје - Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили. ЈП Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај село Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Нивните екипи продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини можни се задржувања од 20-тина минути подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација, според АМСМ, се однесува само за македонската страна на премините.