-->
-->
Сообраќајот без забрани, на граничните премини нема задржувања
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.
Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
-
10 години не плаќал данок преку неговите 4 фирми, кривична за газда од Тетово
-
Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини
-
Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја