Македонија
21. April 2016 - 14:36

Сообраќајна несреќа во Штип - Две лица завршија во болница

Уште една страшна сообраќајка во Македонија. Во 21 часот и 45 минути на магистралниот пат А-4 Радовиш-Штип, на крстосницата 4-ти километар, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Љ.К. од Радовиш, и трактор „ИМТ 533“ со струмички регистарски ознаки, со тракторски приклучок-превртувач, управуван од 44-годишниот С.О. од селот Селце-Штип.

Во незгодата С.О. се здобил со фрактура на ребра, додека возачот на возилото се здобил со контузија на главата по што двајцата се пренесени и задржани на лекување во Клиниката во Штип.