-->
-->
Сообраќајка во с. Бардовци, тешко повредени три лица меѓу кои и малолетничка
-->

На 21.06.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат кон с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(42) од с.Бардовци, скопско и патничко моторно возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле Љ.А. и нејзината 16 - годишна сопатничка од с.Бардовци кои им биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека со тешки телесни повреди се здобил возачот А.А. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
