Македонија
17. November 2020 - 11:50

Сообраќајка во Прилеп, тешко повредено едно лице

Вчера околу 16,00 часот ул. „Поп Аврамија“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „нисан примера“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(41) од Прилеп, и моторцикл „томос“ без регистарски ознаки, управуван од П.Ш.(62) од Прилеп, стои во соопштението од МВР.

П.Ш. бил пренесен во Градската болница Прилеп каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.