-->
-->
Сообраќајка на влезот од селото Согле, еден сопатник тешко повреден
-->
Сообраќајна несреќа се случи вчера на влезот од селото Согле, општина Чашка, и тоа меѓу патничко моторно возило „Рено меган“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 26 годишниот Б.Т. и патничко моторно возило „Опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 38 годишниот Н.П. од Велес. Со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а двајцата возачи и двајца сопатници со телесни повреди.
Сопатникот кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес, е 79-годишниот С.П. од Велес.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека за настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидната екипа од СВР Велес.
Како што информира портпаролката на велешката болница, д-р Елеонора Јованова, синоќа околу 19:30 часот од страна на Итна медицинска помош на Одделот за хирургија донесени биле пет лица повредени во сообраќајна несреќа.
Од нив четири лица се здобиле со лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување, додека пак едно лице маж на 79 -годишна возраст се здобил со скрешеници на четири ребра при што е задржан на болничко лекување на Одделот за ортопедија и трауматологија при ЈЗУ Општа Болница Велес
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
