-->
-->
Сообраќајка на магистралниот пат Струмица-Гевгелија - Две лица се повредени
-->
На магистралниот пат Струмица-Гевгелија, на м.в.Паркинг Монтенегро, вчера во 18,00 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од С.Н.(31) од Велес и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(33) од село Средно Коњари-Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Ш. и сопатникот во патничкото моторно возило М.Б.(23) од скопското село Орланци, кои по укажаната лекарска помош во ОБ-Велес се пренесени во КЦ-Скопје. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Валандово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа