-->
-->
Сообраќајка кај Пелинце - повредено едно лице
-->

Вчера во 11:40 часот на регионалниот пат Граничен премин-Пелинце–село Младо Нагоричане, во атарот на селото Пелинце, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Рено 19“ со кумановски регистерски таблици управувано од С.М.И.(27) од село Пелинце излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во дрво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.М.И. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот Центар во Куманово, од каде како итен случај била препратена во Ургентниот Центар во Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
