-->
-->
Сообраќајка кај автопатот Неготино-Гевгелија - повредени двајца унгарски државјани
-->

Вчера утрината на автопатот Неготино-Гевгелија, на почетокот на првиот тунел се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило со унгарски регистарски ознаки управувано од 59-годишниот Т.И. удрило во ѕидот од тунелот. Во незгодата, возачот и сопатничката, 61-годишната Т.И. и двајцата од Унгарија се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата болница-Велес, од каде поради сериозноста на повредите биле препратени во Ургентниот центар-Скопје.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Кавадарци во содејство со увидна екипа од полициската станица во Неготино.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
-

ЕК: Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран
-

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп
-

Премиерот Мицкоски во Штип, АКТИВА ги проширува капацитетите
-

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство
-

Претежно облачно со слаб локален дожд
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
